Астрономи со помош на големиот телескоп на Европската јужна опсерваторија во Чиле успеале да создадат најнапредна слика на ѕвезда досега.

Станува збор за Антарес, црвен суперџин, петнаесеттата најсјајна ѕвезда на небото, која од Сонцето е оддалечена 604 светлосни години.

На социјалните мрежи се појавија фотографии од оваа необична ѕвезда, а опсерваторијата објави и видеоснимка во која се наведуваат повеќе детали за самата ѕвезда и за другите спроведени истражувања.

Според бојата и сјајот, Антарес потсетува на Марс и може да се забележи со голо око на небото и се наоѓа во соѕвездието Скорпија. Има 15 пати поголема маса од Сонцето и вчудовидувачки е како сјајот од оваа ѕвезда го гледаме од Земјата на толку големо растојание. Кога би се наоѓала на крајот на нашиот соларен систем, нејзините површински слоеви би допирале до Марс.

За жал, Антарес е во завршната фаза на својот животен век, што значи дека наскоро ќе дојде до суернова (ѕвездена експлозија која исфрла огромна енергија за неверојатно краток временски период).

Сјајот на суперновите пред експлозијата се зголемува за повеќе милиони пати во однос на сјајот во текот животот на ѕвездата. После експлозијата, сјајот постепено опаѓа во текот на наредните недели или месеци.

Ѕвездата на крајот ја губи својата маса, феномен кој е за научниците сѐ уше е мистерија. Сепак, постои надеж дека за овој феномен повеќе ќе се дознае во текот на процесот на распаѓање преку мерење на емисијата на гасови, пишува „Инди100“.

„Инферометарот на многу голем телескоп може директно да го мери движењето на гасовите во атмосферата на Антарес, што е пресуден чекор кон разјаснување на овој проблем“, се вели во видеото.