Нов вирус се шири преку Facebook Messenger

Во зависност од оперативниот систем, јазикот или уредот на кој се користи „Фејсбук Месинџер“, вирусот ќе инсталира програма за која ќе пресмета дека предизвикува најголема штета!

Корисниците на „Фејсбук“ кои сакаат да комуницираат со своите пријатели преку Месинџер, овие денови би требало да бидат особено внимателни заради вирусот кој инсталира различни малвери на компјутерот.

Имено, вирусот се шири преку порака која прикажува дека доаѓа од некој ваш пријател и содржи линк со неговото име. Доколку кликнете на линкот, се отвора фотографија од профилот на пријателот која е прикажана како да содржи видео-запис. Со самиот клик, вие го стартувате инсталирањето на малверот.

Меѓу програмите кои досега се констатирани е и СМС премиум претплатата за преземање на лажни документи или Wap Billing, програма која автоматски ќе симнува пари од вашата сметка за мобилен.

Експертите за безбедност ги советуваат сите корисници на „Фејсбук Месинџер“, но и на другите програми за чет, многу внимателно да ги користат истите и да не кликаат на линкови без да проверат со пријателите за што точно се работи.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

3 × five =