Пристигнува новата игра Black Mirror

Компанијата THQ Nordic ја најави играта Black Mirror. Оригиналниот наслов излезе во далечната 2003 година, кој го донесе чешкото студио Future Games и која до ден денес се смета за една од најдобрите чешки видео игри на сите времиња.

По првиот дел излегоа и Black Mirror II во 2009 и Black Mirror III во 2011 година, но кои за жал, иако сосема коректни игри, не успеаја да го доживеат успехот на првиот дел, што можеби има врска со тоа дека на нив не работеле Чесите, кои во меѓувреме банкротирале и го затвориле студиото.

The Black Mirror е серијал на Point and click истражувачки авантури со елементи на силен хорор, па веруваме дека таква ќе биде и оваа нова игра, за која веќе е објавена и датата на излегување – 28 ноември оваа година.

Приказната во играта ја следи Дејвид Гордон, кој се вратил во замокот на своите предци по веста дека татко му се самоубил, обидувајќи се да открие што се крие зад неговото семејно име и зошто целиот живот страда од тешки кошмари кои се закануваат и него да го одведат до лудило и смрт, исто како што му се случило на неговиот татко. Ќе признаеме, малку клише приказна, но се надеваме дак барем е добро напишана.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

6 + four =