Легендарниот руски производител на фотоапарати се враќа на пазарот во 2018 година со „фул фрејм“ mirrorless фотоапарат. Планот во интервју за Московски Регион Радио 1 го открил Игор Сергеев, заменик директор во фабриката Красногорск.

Планираниот фотоапарат ќе ги задржи елементите по кои се препознатливи фотоапаратите на Zenit, како карактеристичните контури и линии. Сепак, дизајнот на апаратот ќе биде модернизиран за да се вклопи во современиот пазар, а ќе биде достапен во црна и бела варијанта.

Сергеев во интервјуто не ја открива цената, само нагласува дека ќе биде „повисока од добар смартфон“. Тој напоменува дека новиот фотоапарат нема да се натпреварува со големите имиња како Canon или Nikon, а некои од деловите на апаратот ќе бидат произведени од „една водечка компанија за фото опрема“.

Zenit го запре производство во 2005 година после неколку неуспешни обиди за спасување на компанијата.