Енди Рубин, еден од креаторите на Андроид, пред неколку месеци го најави паметниот телефон Essential. Овие денови, Essential е пуштен во продажба во Соединетите Американски Држави.

Целта на Рубин не е всушност производство на телефони, затоа што основањето на стартап кој масовно би се занимавал со дизајн и продажба на телефони би бил „бизнис“ кој што би се соочил со премногу силна конкуренција на пазарот.

Паметниот телефон Essential го претставува првиот чекор на Енди Рубин во неговата намера да пласира бренд кој што ќе завладее на пазарот за „паметни домови“, односно сите геџети кои што во иднина ќе бидат вмрежени и ќе бидат дел од „домот на иднината“.

До крајот на оваа година, Essential има план да го лансира и првиот паметен звучник – Essential Home, а моментално компаниите на Енди Рубин развиваат и оперативен систем “Ambient” кој што би требало во иднина да ги поврзува сите уреди кои што ги имате или планирате да ги имате во домот – од термостат, па се до најразлични паметни домашни апарати.

Енди Рубин смета дека за целиот тој проект да биде успешен, најпрвин мора да имате добар паметен телефон кој ќе ја претставува основата.