Овие сајтови нудат вистински стриминг на спортски натпревари без дополнителни алатни ленти во веб прегледникот или злонамерни програми и анкети!

Во иднина без сомневање ќе има многу повеќе можности за гледање бесплатни преноси на натпреварите на интернет, како и сите останати спортови. Додека Холивуд не открие да му се прилагоди на интернетот, постојат неколку добри извори што им овозможуваат на луѓето да гледаат фудбал, кошарка или тенис во живо.

Ви донесуваме седум најдобри такви веб страници. Користиме редовно поголем дел од овие страници и знаеме дека многу луѓе не им веруваат многу на сајтовите за стриминг на спорт. Сите овие страници нудат вистински стриминг на спортски натпревари без дополнителни алатни ленти во веб прегледникот или злонамерни програми и анкети!

Единствена работа која треба да ја преземете за да ги гледате овие бесплатни спортски канали онлајн е Adobe Flash Player, а понекогаш AceStreams и Sopcast. И двата се без спајвери и навистина би требало да бидат единствената работа што ви е потребна за да гледате било кој спортски стриминг.

Ова е нашиот избор на 7 најдобри веб страници за бесплатно гледање спорт онлајн. Гледајте и уживајте!

FromHOT.com

FromHOT веројатно е најголема и најпозната од сите спортски стриминг веб страници. Таа ги пренесува сите главни спортови (фудбал, кошарка, тенис, безбол, хокеј, голф итн.) и обично нуди повеќе линкови за да бидете сигурни дека ќе пронајдете функционален стрим.

Оценка 5 од 5

Streamwoop.com

Streamwoop е нов собирач на спортски стриминг линкови. Можете да пронајдете повеќе линкови за практично било кој популарен спорт на интернет. Најмногу има хокеј и фудбал, пренос на натпревари во живо, можете да гледате и европски фудбал во живо, со повеќе понудени линкови и секако ќе го пронајдете оној што најмногу ви одговара.

Обврзно користете и ад блокер, бидејќи могу линкови ќе ви отвараат и реклами во нов прозорец, но само на почеток. Покрај фудбал во живо, има и тениски мечеви и разни други спортски настани. Оваа веб страница посојано напредува.

Оценка: 4.5 од 5

FirstRowSports

Најпопуларната спортска стриминг веб страница, FirstRowSports и пружа спортски стриминг линкови на јавноста веќе неколку години. Меѓутоа, можете често да налетата и на линкови што не работат. Но, немојте веднаш да се разочарате, постои добра причина зошто се толку популарни, а тоа е затоа што нудат многу голем избор на бесплатни спортски стриминг линкови онлајн. Покрај разните натпревари во живо од Европа, Аргентина или Америка, тука можете да пронајдете и live стриминг на познатите спортски ТВ канали како Sky Sports, ESPN и уште многу други.

Оценка: 4 од 5

RedStream

RedStream е најнов додаток на оваа листа, како голем ресурс за гледање фудбал во живо и било кој друг популарен спорт. Бесплатните преноси на натпреварите имаат доста линкови на располагање. Убаво е пишува на кој јазик е стримот и колку е брз. Најдобро од се, корисниците можат да ги оценуваат линковите, така што на врвот се покажуваат само најдобрите. Само кликнете и гледајте ги натпреварите во живо.

Оценка: 4 од 5

BOSSCAST

Уште една веб страница која ги донесува сите главни преноси на натпреварите од разни спортови. Таа е малку повеќе прилагодена на САД, така што ќе пронајдете многу спортови што таму се популарни, како хокеј, кошарка, безбол итн. Ова е исто така понова страница за спортски стриминг во живо, но ако продолжи вака има голем потенцијал.

Оценка: 4 од 5

LiveTV.sx

Навистина ни се допаѓа оваа веб страница за бесплатно гледање на спорт. Убаво изгледа и ги нуди сите главни спортови. Многу е лесно да се пронајде било кој директен пренос од некој натпревар. Ќе бидете во можност да изберете фудбал во живо, кошарка, тенис и сите останати главни спортови на едно место! Има многу и европски преноси така што не е фокусиран само на американските спортови.

Оценка: 4 од 5

AllSportLive

Ова е руска страница и разбирливо нуди повеќе други меѓународни спортови, отколку популарни американски спортови. Но, тоа може совршено да им одговара на луѓето кои бараат меѓународни спортски настани.

Оценка: 3 од 5