Во морето бесплатни игри, тешко е да се одлучите која да ја преземете и играте. Сепак, без оглед на тоа кои игри ги сакате, на оваа листа, дефинитивно ќе најдете нешто за себе. 

Во онлајн продавницата на Apple има стотици игри, а голем дел од нив се и бесплатни. Од симулатори, преку puzzle игри со бомбони и овошје до едноставни игри, кои ни се добро познати како осмосметки, пасијанс или шах. Не е ни чудно што тешко можеме да се одлучиме за само една или две игри. Tech Radar нуди листа од 10 најдобри бесплатни игри за iPhone и iPad.

Capitals

На полето пред вас се наоѓаат букви, кои можете да ги комбинирате како сакате за да составите збор. Играте против онлајн играчи или противник кој е покрај вас. Секој се бори да го преземе полето, а тоа се случува кога ќе го составите зборот од буквите на полињата.

Предност: 
Одлична игра за учење на англиски јазик.
Недостаток: Пред секоја игра морате да погледнете видео со реклама.

The Battle of Polytopia

Морате да изградите кралство. Имате право на 30 движења по игра. Ограничени ви се и ресурсите, така што морате да размислувате што и како ќе направите. И во оваа игра играте против други играчи и се борите против непријателите.

Предност:
 Станува збор за стратешка игра, така што ќе мора да бидете сконцентрирани.
Недостаток: За да ја отклучите целосната игра, морате да платите.

Circle Affinity

Ова е бесплатна верзија на играта, а таа е базиана на рефлекси и брзо размислување.

Предност: Не е многу тешка и е доста забавна.
Недостаток: Единствен начин да се ослободите од рекламите во играта е да платите. Со плаќање отворате и други нивоа.

Binary Dash

Ги знаете овие игри. Вашиот лик трча, а вие можете да го натерате да скока, да се врти и да трчи на долната страна од мапата. Можете да изберете различни ликови, да собирате пари и да отклучувате разни нови содржини.

Предност:
 Сè што се наоѓа во играта е бесплатно. Нема плаќање за отклучување на нови нивоа, а ако сакате да се ослободите од рекламите, ќе ве чини само еден долар.
Недостаток: Има стотици вакви игри.

Beneath the Lighthouse

Оваа игра е малку покомплицирана. Имате лик кој мора да стигне до дното на светилникот, но единствено што можете да контролирате се точките со кои го ротирате целиот екран.

Предност: Ако сакате вакви игри кои ќе ви одземат многу време, оваа игра е совршена за вас.
Недостаток: Кога ќе ги изгубите сите три животи, морате да гледате една реклама.

Really Bad Chess

Шахот е убава игра. И двете стран на таблата се еднакви, така што само од вештините на играчите зависи кој ќе победи. Но тоа не важи во оваа игра. во „Really Bad Chess“ понекогаш ќе имате четири коња и две кралици. Понекогаш вашиот противник ќе има четири кралици и два ловци. Ова не е игра која е фер – ова е игра која ве тера да искористите сè што знаете за шахот.

Предност: Совршена игра за љубителите на шах кои сакаат дополнителен предизвик.
Недостаток: Ужасна игра за луѓето кои не знаат да играат шах бидејќи нема да се снајдат.

Battle Golf

Имате една шанса да ја одведете топката во дупката. Тешко е, но забавно бидејќи можете да играте со пријател. Секако, можете да играте и сами, но позабавно е кога се натпреварувате кој ќе ги собере првите пет бодови. Постојат многу препреки помеѓу топката и дупката, но тоа играта ја прави повеќе динамична.

Предност: Пикселизираниот изглед е одличен.
Недостаток: Како и кај другите игри, треба да платите за да се ослободите од рекламите.

Clash Royal

Градите тврдина која морате да ја одбраните од другите играчи. Една посебна супстанца наречена „еликсир“ ви се полни секој ден, но можете да платите и да ја добиете веднаш.

Предност: Лесно станувате зависни од играта бидејќи е многу забавна.
Недостаток: Играчите кои плаќаат за „in-game content“ ќе имаат драстична предност над играчите кои ја играат бесплатната верзија.

Asphalt 8

Една од најдобрите трки за мобилни уреди. Графиката е одлична, а играта сама по себе забавна. Ќе имате голем избор на автомобили и трикови.

Предност: Ако сакате трки, слободно преземете ја.
Недостаток: Нема да имате целосно искуство ако ја пробате само бесплатната игра. Постојат многу додатоци кои ја прават играта повозбудлива и подобра, но се плаќаат.

ИЗВОР: Tportal.hr