Гледајте го помрачувањето на Сонцето во живо со NASA

На 21 август годинава ќе се случи Големото американско помрачување на сонцето што го носи тоа име бидејќи највидливо ќе биде низ САД, од Западниот до Источниот брег, секако, ако дозволуваат временските услови.

Во централниот дел на САД и во Канада ќе се гледа делумно помрачување, а благодарение на NASA и интернетот, овој феномен ќе може да го следите од каде било низ светот.

NASA планира пренос на помрачувањето во живо од 12 локации низ континенталниот дел на САД, со помош на истражувачко летало, балони и телескопи поставени на Земјата.

Преносот ќе се одвива преку Ustream и профилите на NASA на социјалните мрежи, вклучувајќи го Facebook.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

eleven − 6 =