Allo апликацијата за пораки на компанијата Google конечно доби своја веб верзија. Ова беше една од најбараните функции, откако сервисот дебитираше минатата година.

На почеток, Allo на веб е можно да се користи само доколку имате Android телефон. Ова е поради причина што Allo апликацијата на телефонот мора да се спари со веб клиент за да работи. Ова се овозможува со скенирање на QR код.


Кога ќе одите на Allo веб страницата, ќе ве дочека екран со информации. Потоа, кога ќе гo скенирате кодот на Android уредот, влегувате во апликацијата. Ветено е дека наскоро ќе пристигне и поддршка за iPhone. Треба да се истакне дека Allo Web работи само во Google Chrome.