Blizzard го официјализира Starcraft Remastered (Видео)

Blizzard официјално ја објави ремастерираната верзија на својата класична sci-fi стратегија – Starcraft. Играта која дебитираше пред 20 години, сега пристигнува во ново руво, како Starcraft Remastered

Starcraft Remastered сега има подобра поддршка за модерните PC системи, а графиката е ажурирана со поддршка со 4К UHD резолуција. Starcraft Remastered моментно е достапна за купување преку веб-страницата Battle.net, по цена од 15 долари.

На официјалната YouTube страница на играта, можете да погледнете серијал од видео клипови кои даваат подбар увид во процесот на создавање на играта од оригиналниот Starcratf, до Remastered верзијата.

 

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

3 × two =