– Европската комисија веќе подолго време размислува за изградба на супер компјутер на подрајчето на ЕУ, кој би служел на земјите членки и би овозможил на Европа да биде во чекор со другите земји кои веќе имаат таков компјутер.

За да одлучат каков супер компјутер во Европа навистина е потребен, каде би се градел и кој и со колку евра би го финансирал, Европската комисија покрена консултации со земјите членки. Поканети се сите, од претставници на земјите па се до производителите и институциите кои евентуално би го користеле, да изразат свое мислење за неговиот иден развој.

Како што истакнуваат во Европската комисија, резултатот од консултациите ќе помогне да се поддржи развојот на следната генерација на компјутери и дигиталната инфраструктура во Европа.

Компјутери со високи перформанси имаат голем потенцијал за науката, општеството и инвестициите поради можноста да анализираат големи количини на податоци во реално време.