Samsung објави видео најава за Galaxy Note 8

Не делат помалку од 100 дена од претставувањето на Samsung Galaxy Note 8, а јужнокорејската компанија почна со кампања пред објавата на уредот. Сега имаме видео тизер, кој би требало да ги зголеми апетитите на корисниците за претстојниот фаблет.

Note 8 ќе биде поголем од двата Galaxy S8 модела, но не премногу. Се претпоставува дека Note 8 ќе има 6.3 инчен Super AMOLED Infinity дисплеј со размер 18,5:9, ќе го покренува процесорот Snapdragon 835 или Exynos 8895 чипсет, ќе има 6 GB RAM и 3300 mAh батерија.

Двете камери на задната страна ќе нудат опции за фиксирано оптичко зумирање, заедно со бокех ефекти. Galaxy Note 8 ќе биде официјализиран на 23. август.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

5 × 1 =