Intel: Ice Lake ќе биде наследник на осмата генерација Core процесори

Подоцна овој месец, Intel ќе ја претстави својата осма генерација Core процесори, позната како Coffee Lake. Новата линија процесори би требало да донесе подобрувања од 15 до 30 проценти во однос на актуелната генерација.

Меѓутоа, компанијата веќе гледа напред и сега го откри кодното име на деветата генерација процесори што ќе се појават во иднина. Следната генерација процесори ќе го носат името Ice Lake, а ќе го имплементираат Интеловиот 10nm+ процес на производство.

Засега не е познато како и колку 10nm+ процесот ќе се разликува од 10nm процес во Cannonlake. Ќе биде интересно да се види што повторно смислил Intel кога е во прашање технологијата, со оглед на тоа дека компанијата веќе некое време се труди да ги намали примероците на 10 нанометри.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

6 + seventeen =