Фирмата ShiftWear претстави патики чиј дизајн сопственикот може да го промени преку својот смартфон.

Патиките во себе имаат вграден екран со помош на кој на едноставен начин можете да го менувате нивниот изглед, пишува „TechBlook“.

Овие патики со телефонот се поврзани со помош на „WiFi“ мрежа или „Bluetooth“ врска. Корисникот со помош на апликација на телефонот го избира посакуваниот дизајн на патиките.

Тие се полнат со стандарден полнач, а интересно е и тоа дека имаат опција за полнење за време на одење или трчање, што значително ја олеснува нивната употреба.

Патиките се отпорни на вода и прашина, а корисниците ќе немаат никаков проблем со нивното одржување.