Eлон Маск, извршниот директор на „Тесла“ и „СпејсЕкс“ на неговиот „Твитер“ профил предупреди дека вештачката интелигенција е поопасна од Северна Кореја.

За голем број луѓе низ светот, Северна Кореја е вистински кошмар особено после заострените односи меѓу Трамп и оваа земја.

Во неговиот твит, Маск вели дека светот треба повеќе да биде загрижен за вештачката интелигенција отколку за нуклеарна војна.

Иако се чини како лоша шега, Маск е доста сериозен. После овој твит, Илон продолжува со уште неколку твитови за контролата, велејќи дека вештачката интелигенција треба да биде контролирана.

Секако, корисниците не го сфатија сериозно, па започнаа со споредбите од „Игра на троновите“.