Најбогатиот човек на светот и коосновачот на Microsoft, Бил Гејтс отвори свој официјален профил на Instagram.

Дека навистина се работи за вистинскиот Бил Гејтс потврдија од Instagram и му доделија статус на проверен профил.

Во текот на викендот, Гејтс на Instagram објави три фотографии од Танзанија каде што ручаше со децата во основното училиште Кичеба и се дружеше со Упендо Мвингир, доктор кој се бори против тропските болести.

Иако засега тоа му е единствена објава на Instagram, беше доволно да собере дури 184 илјади следбеници.

Се чини дека по Facebook, Twitter и личниот блог, Гејтс својата хуманитарна работа ќе ја промовира и на Instagram.

Неколку недели пред Гејтс, свој Instagram профил отвори и вториот најбогат човек на светот, основачот на Amazon, Џеф Безос . Но, тој сепак предизвика нешто малку внимание кај следбениците на Instagram. По 5 објави, Безос го следат само 31,4 илјади следбеници.