Бактерија што се храни со метан пронајдена на Антарктикот

Длабоко под ледот на Јужниот Пол постои форма на живот која може да ни помогне во справувањето со емисиите на штетните гасови.

Бактериите кои таму живеат преживуваат со тоа што се хранат со метан и функционираат како биофилтер помеѓу заледената околина и остатокот на планетата.

Во 2013-та интернационален тим истражувачи копале на 800 метри длабочина во Западно Антарктичкиот мраз, со што стигнале до езерото Виленс, од кое биле земени примероци вода и седименти кои биле изолирани од атмосферата илјадници години.

Во нив била пронајдена бактерија во чиј геном бил пронајден метан, а бидејќи се верува дека најголемите резервоари метан се наоѓаат токму под Западно Антарктичкиот мраз, тоа значи дека таа го спречува гасот да се ослободи во атмосферата.

Иако има помалку метан отколку јаглерод диоксид, тој е многу повеќе потентен штетен гас кој за период од 20 години ја затоплил планетата 86 пати повеќе отколку CO2., а преку неговата оксидација, овие бактерии можат да консумираат 99% од метанот.

Присуството на оваа комплексна околина ја зголемува можноста за постоење на живот (макар и само бактериски) на ледените месечини на Сатурн и Јупитер.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

5 − 4 =