Веќе некое време се зборува за паметниот часовник на Samsung, а сега се појави FCC документација која го споменува уредот под името Samsung Gear Sport. Судејќи според шемата на дизајнот, се работи за паметен часовник или фитнес уред.

Деталите за уредот се прилично штури во овој момент – единствено што засега е познато е шематиката која сугерира дизајн од долната страна на уредот. Исто така е познато дека ќе има поддршка за Bluetooth и WiFi.

Со оглед на тоа дека за неколку недели не очекува IFA Саемот, не би било изненадување доколку во текот на овој настан дознаеме повеќе детали за Samsung Gear Sport моделот, а можеби и за новата линија паметни часовници/фитнес уреди.