Ново истражување околу сончевата еклипса (затменувањето на Сонцето) ги негира претходните мерења за нашата мајка ѕвезда. Досега нештата во нашиот сончев систем се недвојбени: нашето Сонце е големо. Никој тоа не го спори.

Но некои нови истражувања изгледа навестуваат дека е тоа можеби уште поголемо отколку што досега мислевме. Засега, проценките за големината на Сонцето се базирани на истражување од 2008, кое ги помести претходните мерења кои беа во сила уште од германскиот астроном Артур Ауверс, објавни во 1891 година.

Експерти од Меѓународната астрономска унија го дефинира радиусот на Сонцето на 695,700 км. со цел да се помогне во определувањето на големината на други тела кои се набљудуваат.

Но сега експертите отвораат ново прашање. Посебно Ксавиер Хубиер (кој прави модели на затемнувањето на Сонцето кои функционираат со софтверот Гугл мапс) и истражувачот од НАСА, Ерни Рајт.

И двајцата го истражувале начинот на кој еклипсите се совпаѓаат со податоците кои ги прави Оперваторијата за соларна динамика (СДО); еден дел од опремата е наменет за правење фотографии од Сонцето каде секој пиксел ја мери дистанцата од површината која гори.

– Потешко е отколку да си замислите само да ставите линеар на овие слики и да сфатите колку е големо Sонцето – СДО нема доволна прецизност за ова, рече Рајт за space.com

Научниците ја потврдија теоријата на Ајнштајн по 100 мерења на далечна ѕвезда со помош на гравитацијата.

– Според мене, нешто некаде е погрешно, но само тоа можам да го кажам, рече Хубиер.

Определувањето на точната големина на Sонцето е прилично неблагодарна работа. Но само откако ќе ја заклучат вистинската гоолемина на ѕвездата тие можат да ја споредат со набљудувањата и компјутерските модели кои ги направиле за затемнувањето.

Сега, двајцата започуваат да собираат средства и од поблиску да го набљудуваат Sонцето за време на затемнувањата во следните години. На крајот, тие може и да дојдат до најточната големина за нашата ѕвезда-мајка.