Лозинките се тешки за паметење и сите ние користиме многу за различни видови профили. Често нашите лозинки можат да бидат лесно откриени, но има и едноставен начин да проверите дали сте компромитирани.

Трој Хант е истражувач за безбедност од Австралија и е сопственик на веб-страницата која им дозволува на луѓето да проверат дали нивните електронски пошти и кориснички имиња се вмешани во некои прекршувања на податоците. Креирал нова алатка наречена „Pwned Passwords“ преку која може да се провери дали лозинката може да биде хакирана. Сепак, се препорачува да не се внесуваат лозинки кои во моментот ви се активни, туку проверете ги оние што сакате да ги користите. Ако сакате да проверите конкретна и моментално активна лозинка, тогаш имате опција да ја симнете целата листа со лозинки на вашиот уред.

За да дознаете повеќе за проверката на вашите лозинки, следете ги инструкциите на веб-страницата, а можете и да го посетите блогот на Хант.

Извор: Факултети.мк