Twitch ја објави својата десктоп апликација пред неколку месеци, но таа беше достапна само во бета верзија. Twitch сега излезе од бета и целосната верзија е достапна за корисниците. Апликацијата донесува речиси се што има и Twitch веб верзијата, а има и неколку дополнителни функции кои ги нема во интернет прегледникот.

Една од дополнителните функции, ексклузивни за десктоп верзијата на Twitch е Dark Mode (Ноќен режим). Тука се и текстуалните и гласовни соби кои остануваат онлајн дури и кога серверите не се активни. Ова ќе им овозможи на корисниците да останат во тек со своите омилени заедници во секој момент. Twitch корисниците ќе можат да извршуваат и гласовни и видео повици со пријателите.

Twitch десктоп апликацијата е достапна за Windows и Mac, а може да се преземе од сајтот на Twitch.