Американскиот производител на автомобили Tesla ќе се задолжи 1,5 милијарда долари заради зголемување на производството на електричниот автомобил „модел 3“.

Компанијата денеска соопшти дека планира да понуди повластени обврзници во вредност од 1,5 милијарда долари кои достасуваат во 2025 година.

Извршниот директор Илон Маск минатата недела изјави дека инвеститорите не треба да бидат загрижени дали Tesla в година ќе може да произведува по 100.000 автомобили неделно „модел 3“ .

Маск ги загрижи инвеститорите кога предупреди дека Tesla ќе влезе во производствен пекол кој ќе трае најмалку 6 месеци за да ја исполни целта до декември да произведува по 5.000 автомобили неделно „модел 3“.