„Локид Мартин“ прави супер телескоп со „џебни” димензии

Американската компанија „Локид Мартин“ работи на производство на нов модел на вселенски телескоп со сензор од еден инч (2,54 сантиметри) наречен Спајдер (SPIDER – Segmented Planar Imaging Detector for Electro-Optical Reconnaissance), кој ќе биде способен да снима фотографии во иста резолуција како и модерните вселенски телескопи.

Спајдер ќе има и до 90 отсто помала тежина и големина во однос на постоечките вселенски телескопи, а притоа ќе обиезбедува идентични перформанси.

Проектот Спајдер има корен во претходниот проект на американската воена агенција ДАРПА, од кој сега „Локид Мартин“ прави чекор подалеку со помош на „интерферометрија”, така што гломазните огледала и леќи ќе бидат заменети со многу помали.

Принципот на многу поситни леќи веќе се користи во некои опсерватории за снимање фотографии со висока резолуција, а „Локид“ планира таквите структури да ги редуцира на дел од нивната оригинална големина и тоа од 10 до 100 пати.

Стотици илјади интегрирани мали леќи ќе складираат податоци во фотонички интегрирани кола.

Првите тестирања се спроведени на автомобили кои користеле низи од 30 леќи со пречник помал од еден милиметар. Тој оптички систем само го симулира растојанието од некоја точка на помалку од еден милиметар. Тој оптички систем симулира растојание од некоја точка во Вселената до Земјата, а снимените сцени биле осветлувани и ротирани.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

eight + 20 =