Социјалните мрежи одамна престанаа да бидат избор на „geek-овите“, бидејќи денес ги користат речиси сите што се спојуваат на Интернет. 

Тешко е веќе целата приказна да се разгледува од агол на феномен, бидејќи социјалните мрежи навистина повеќе не се феномен туку интегрален дел од нашите животи. Впрочем, тоа го докажува секој нов статистички извештај што ќе се појави во јавноста. Исклучок не е ни последниот зад кој стојат компаниите  “We Are Social” i “Hootsuite”, а открива некои фасцинантни бројки од третиот квартал на 2017 година.

Во наведениот период работите изгледаат вака: во светот мометно има 7.524 милијарди луѓе, а од нив отприлика половина имаат пристап до интернет, односно 3.819 милијарди. Активни корисници на социјалните мрежи има 3.028 милијарди, а од тоа дури 2.780 милијарди ги користат социјалните мрежи од своите мобилни уреди.

Забележителен е и трендот на зголемување на вкупниот број корисници во сите обработени категории во однос на псоледниот извештај од април оваа година. Така, бројот на корисници на интернет на глобално ниво е зголемен за 0,2 проценти (зголемување од 8 милиони корисници), бројот на активни корисници на социјалните мрежи за 4% (121 милион), бројот на корисници на мобилните уреди за 2% (92 милиона), а бројот на активни корисници на социјалните медиуми од мобилните уреди за 3 проценти (82 милиона). Што се однесува до вкупниот број корисници на одредена социјална мрежа, на врвот речиси ништо не е променето…

Најпопуларна социјална мрежа во светот и натаму е Facebook, која ја користат 2.047 милијарди луѓе, втора најпопуларна платформа е YouTube со 1,5 милијарди корисници, а меѓу првите пет се уште и WhatsApp и Facebook Messenger, со по 1,2 милијарди корисници, односно WeChat со 938 милиони активни корисници. Забележително е и како пристапот од мобилните уреди се повеќе доминира во однос на користењето на социјалните мрежи од десктоп компјутерите, што посебно добро може да се заклучи од бројките врзани за Facebook, односно 87 проценти од корисниците го посетуваат преку мобилните уреди.