MMD, кој претставува дел од компанијата Philips подготвува 32-инчен монитор, што ќе пристигне со огромна 8К резолуција. Претходно, единствена друга компанија што понуди 8К монитор беше Dell.

Иако MMD не објави официјални спецификации за новиот монитор, претпоставка е дека ќе има резолуција од 7680 x 4320 пиксели, што е четири пати повеќе од Ultra HD резолуцијата од 3840х2160 пиксели.

Исто така, не е објавено ни кога овој дисплеј ќе биде претставен, ниту по која цена ќе биде достапаен. Сепак, имаме фотогхрафија од мониторот, па барем знаеме како ќе изгледа, а официјалното претставување се очекува во текот на IFA Саемот во Берлин, што ќе се одржи од 1 до 6 септември.