Google Play Services прва апликација со 5 милијарди преземања

Сервисот на Google за преземање на апликации за паметни телефони деновиве стана првата апликација која надмина 5 милијарди преземања.

Но ова не значи дека сервисот бил мануелно инсталиран од корисниците на Android бидејќи кога нов корисник ќе се логира на својот Android уред со нивниот профил од Google, овој сервис се инсталира автоматски. Во тој случај може да се заклучи дека на преку 5 милијарди уреди бил инсталиран сервисот.

Google Play Services е апликација без која не можат да се извршуваат функциите на апликациите кои се инсталираат преку Play Store на Android. Сервисот исто така ги известува корисниците кога постојат можности за надградба на инсталираните апликации.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

three × three =