Кога некого би го прашале колку е голем интернетот, веројатно не би можел да ја погоди неговата вистинска големина. Имено, според веб-сервисот кој на дневна база ја проценува големината на world wide web, моментно неговата големина изнесува барем 4,53 милијарди страници.

Ако земеме во обзир дека во светот живеат околу 7,5 милијарди жители, тоа значи дека на една мрежна страница има 1,65 жители.

Ако сакаме на некој да му доловиме колку интернетот во секој момент е живо место, ќе мораме добро да се потрудиме.

Компанијата Visual Capitalist која создава интересни графикони, пороба на еден график да опише што се се случува во само една минута на интернет.

Значи, се случуваат дури 3,5 милиони пребарувања на Google.

На Facebook се логираат неверојатни 900 илјади корисници и истовремено се праќаат 15.000 gif-ови преку Facebook Messenger.

Се објавуваат 452 илјади твитови, 16 милиони SMS пораки и 156 милиони мејлови.

Околу 120 луѓе отвораат нов LinkedIn профил.

Во само една минута се создаваат 1,8 милиони снапови и се објавуваат 46.200 фотографии на Instagram.

Се погледнуваат неверојатни 4,1 милиони видеа на YouTube и преку 70 илјада часови Netflix програма.

Во само една минута се трошат дури 751.522 долари во онлајн купување, а од Google Play и App Store се преземаат 342.000 апликации.

Импресивни бројки, зарем не?

Сакате ли пак да видите што се случува секоја секунда, посетете го Internet Live Stats.