Не е важно дали се работи за смартфон на Android или iOS оперативниот систем, до забавување на работата на мобилниот телефон доаѓа и во двата случаи.

За тоа постојат неколку можни причини. Прочитајте ги најчестите причини кои се појавуваат по користењето на телефонот цела година или подолго.

Проблемите пак кои се однесуваат на успорувањето на работата на телефонот и се јавуваат порано од ова најчесто може да ги решите со рестартирање на мобилниот телефон.

Зошто после една година или подолго мобилните телефони се успоруваат?

1) Надоградба на оперативниот систем

Кога прв пат го купивте вашиот „смартфон“ на него имаше инсталирано одредено издание на оперативниот систем. Да речеме дека сте го купиле во 2013 година, а вашиот оперативен систем бил Андроид 4.4 Кит Кет или ИОС 7.

Без разлика за кое издание се работи, при развојот на оперативниот систем во обѕир се земени одредени можности и капацитети на тогашниот хардвер.

Погодувате, во меѓувреме хардверот се сменил и подобрил, често пати и драстично. Додадени се нови апликации и опции како Андроид и ИОС подобро би можеле да го искористат напредокот на технологијата.

Но, вашиот хардвер е сѐ уште истиот и со тек на времето почнува да заостанува зад барањата коишто ги поставува оперативниот систем. Затоа сега работи побавно и со повеќе потешкотии.

Што може да преземете во врска со тоа?

Не многу. Можете некое време да избегнувате надградби на оперативниот систем и нови изданија, но тоа нема да трае вечно.

2) Надоградба на апликациите

Сите видови на софтвер можат да станат жртва на постојаното непотребно надоградување. Мобилните апликации во овој аспект се најлоши. Дури и многу мали апликации може за кратко време да се преобразат во чудовишта кои ги „цицаат“ ресурсите на вашиот телефон.

Не помага ни тоа што развојните програмери често пати не обрнуваат внимание на тоа колку апликацијата ќе го напрегне телефонот, бидејќи сметаат на постојаните подобрувања на хардверот и новите технолошки решенија.

Секако и тоа има свои граници и кога ќе ги достигне, вашиот паметен телефон сѐ потешко ќе се носи со сѐ поголемите барања. Последица на ова ќе биде сѐ побавната работа на телефонот.

Што можете да преземете?

Заменете ги пренапумпаните апликации со нивни помали и полесни алтернативи, доколку се такви достапни. Почнете од апликациите за социјалните мрежи, мултимедија, водење на белешки и продуктивност на работа.

Исто така, проверете дали се достапни постари верзии на апликациите. Ако со нив нема некои сериозни сигурносни проблеми, истите може одлично да ве служат.

3) Апликации кои работат во позадина

Голем број од инсталираните апликации исто така би можеле да бидат одговорен за побавната работа на вашиот „смартфон“. Проблемот започнува заради зголемениот број на апликации кои продолжуваат со работа во позадина, дури и кога не ги користите активно.

На пример, апликациите за електронска пошта постојано проверуваат дали пристигнало нешто ново, апликациите за чет следат дали има нови пораки, оние за белешки постојано се синхронизираат… Дури и анимираните заднински слики на телефонот и разните „виџети“ постојано бараат, пуштаат и разменуваат податоци.

Секако, секоја од овие апликации ја отежнува работата на дел од процесорот и РАМ меморијата, а со тоа и го намалува расположливиот капацитет на меморија за апликациите кои активно ги користите.

Што можете да преземете?

Откријте кои апликации ви ја трошат батеријата. Колку некоја апликација повеќе ја троши батеријата, толку поголеми се шансите истата да работи во голема мера во позадина. Сменете ги анимираните позадини со статични заднински слики, избегнувајте „виџети“.

Деинсталирајте ги апликациите коишто не ги користите. Исклучете ги заднинските процеси за сите апликации, освен за оние кои навистина ви се апсолутно нужни.

4) Распаѓање на меморијата

Сите паметни телефони и таблети користат флеш меморија, вид на меморија која нема движечки делови.

Најраширениот тип на меморија од овој вид се вика NAND. Иако оваа меморија е брза и финансиски пристапна, истата има и лоши страни. На пример, таа станува сѐ побавна, како што сѐ повеќе ја полните. Така таа може да стане значително побавна ако ја наполните до максимум.

Од друга страна пак, колку повеќе ја користите, толку повеќе таа се распаѓа. Постојат три вида на меморија, NAND – SLC, MLC и TLC, но сите имаат ораничување колку пати може да се пишува и брише на нив. Кога ќе го постигнете максимумот на тие пишувања почнува да се распаѓа меморијата и така таа почнува да работи побавно.

5) Големи очекувања

Можно е вашата меморија да работи сосема добро, но вам ви се чини дека работи побавно од вашите очекувања. Особено откако на пазарот ќе се појават понови модели и големи надоградби на оперативните системи, па ќе почнете да ги споредувате со вашиот телефон којшто дотогаш сте го користеле.

Што можете да преземете?

Прифатете ги можностите и ограничувањата на сегашниот „смартфон“ или надоградете го (на пример, со нов РАМ ако сте корисник на Андроид уред).

Како да го забрзате работењето на вашиот смартфон или таблет?

Доколку вашиот смартфон или таблет работи побавно отолку што ви одговара и сте сигурни дека не си го замислувате тоа, еве што може да пробате:

– Помеѓу останатото, корисниците на Андроид можат да ги исчистат стартните страни на телефонот, односно да ги чувате непотребните апликации внатре во главниот фолдер.

– Редовно да го рестартирате мобилниот телефон, да ја чистите меморијата и како крајна мерка да го ресетирате смартфонот на фабричките подесувања.

– Ако имате iPhone, пробајте мануелно да го исчистите РАМ-от, избегнувајте апликации коишто ја трошат батеријата и избришете од телефонот сѐ што не ви треба. Исто така, можете да го ресетирате „смартфонот“ на фабричките подесувања.

Извор: Tportal.hr