iPad Pro ќе добие Touch Cover тастатура од Microsoft

Последниве неколку години Microsoft покажа многу поразлична политика кон корисниците – наместо да ги насочува исклучиво кон своите производи, компанијата почна да ги поддржува другите платформи и да заработува пари од своите сервиси. Добар пример за ова е поддршката на iOS со одличните Microsoft апликации, која наскоро ќе се прошири со нова Touch Cover тастатура за iPad Pro.

Тастатурата беше пронајдена на страница за преземање документи за литиум-јонски батерии за производите на Microsoft и е забележана од WinFuture. Ова значи и не мора да се појави на пазарот и може да остане само како концепт, бидејќи да бидеме реални, Microsoft има прилично голем успех со Surface серијата и секоја поддршка на конкуренцијата ќе значи „шамар во лицето“ на своите фановите. Touch Cover тастатурата би требало да има
чувствителни копчиња на допир и притисок.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

4 × 4 =