Facebook работи на креирање уред за видео-чат – првиот поголем производ од експерименталната лабораторија „Билдинг 8 Лаб“.

Уредот ќе има екран со големина како оние на лаптоп, а ќе биде најавен оваа пролет. Големиот екран и малата камера ќе им даваат чувство на луѓето како да се присутни во истата соба, велат од компанијата. Уредот е уште во прототип фаза, но веќе се тестира во повеќе домови.

Компанијата работи на креирање уште еден производ – паметен звучник кој ќе поседува и гласовен асистент.

Овие потфати се дел од новата фаза на компанијата каде што се истакнуваат хардверските амбиции. Во лабораторијата работат хардверски ветерани чија цел е да креираат нови производи кои ќе бидат од голема корист за корисниците и ќе им овозможат полесно поврзување.

Уредот за видео-чат ќе има камера со леќи кои ќе опфаќаат широки агли, микрофони и звучници кои ќе бидат поддржани од вештачка интелигенција. Компанијата, исто така, развива и камера од 360 степени за уредот, но не се знае дали овој дел ќе биде вметнат до неговата промоција или потоа.