Додека регулаторните тела во САД прават пречки на компаниите како Amazon, која сака да ја испорачува стока со дронови, властите во Швајцарија изгледаат благонаклонети кон слична идеја.

Три компании се здружија во проектот за набавка на стоки со дронови во Швајцарија. Swiss Post, Swiss WorldCargo и Matternet (производители на дронови од САД) и планираат во текот на летото да доставуваат пратки со беспилотни летала.

Се очекува по тестирањата, компаниите и регулаторите да одлучат дали е остварлива идејата за комерцијална употреба на беспилотни летала во улогата на курири, соопшти Swiss WorldCargo.

Дроновите Matternet One можат да носат товари до 1 кг на растојание до 20 километри. Апаратите се способни да извршуваат курирски мисии целосно самостојно.