Пропадна компанијата која на богаташите им продаваше прескапи мобилни

Без оглед на тоа дали имате пари или не, луксузните уреди се неверојатно преценета бесмислица, затоа што на кој било начин тоа да го претставите, се работи за обичен (а често и застарен) уред кој некој ви го спакувал во квалитетен материјал, горе го ставил логото, а на крај го накитил со дијаманти, а со истите ја украсил и понудата.

Тоа очигледно стана јасно и за богаташите, затоа што неодамна пропадна еден од последните бастиони на бесмислени прескапи уреди – компанијата Vertu. За воља на вистината, на оние со подлабок џеб, им требаше речиси 20 години да сфатат дека прескапите мобилни не ги прават посебни, туку само наивни.

Бизнисот кој цветаше на наивноста на богаташите

Компанијата уште во 1998 година, ја основа Nokia (Vertu Signature на пазарот се појави во 2002) и на почетокот солидно котираше. Уредот чија цена се движеше од пет до 300.000 евра, најде место во џебовите на безобразно богатите, кои би можеа да се пофалат со мобилните на кои се наоѓаа, од племенити метали и камења, па се до најефтината кожа на скапите торби.

Еден поглед на нивната страница беше доволен за да сфатат за што станува збор

„Meticulous craftmanship“, „stunning aestethics“, „English craftmanship“, „finest leathers“, или „exotic skins“, бесмислени фрази кои би требало да ве уверат дека ова нешто е повеќе од обично, а всушност станува збор за застарен мобилен спакуван во прескапа „облека“. За разлика од некои други луксузни артикли кои со време можат дури и да добијат на цена, Вертуовите уреди и покрај цената и квалитетот на користен материјал, не ги следеа технолочките движења и за година дена беа подеднакво застарени како и уредите, за кои веќе сте искеширале неколку илјадници евра.

Постои место за луксуз, но за Vertu тоа не е местото

Да нема забуни, дури и во светот на технологијата постојат места на кои има смисла да се тргува со луксузот, но тоа не е случај со технолигијата која буквално се менува преку ноќ. На пример, ќе искеширате 80 илјади долари за Meгатрендови од типот на MKIII звучници, и можете да бидете прилично сигурни дека сте мирни во наредните десет години (минимум), а голема е веројатноста и да вашите деца слушаат музика на истите звучници.

Доволно е да погледнете било која Apple, Samsung или Google презентација и ќе ви биде јасно дека трендовите во светот на мобилните телефони не се во истата категорија. Тим Кук и неговата екипа секоја година ќе претстават два-три нови уреди и ќе ве натераат да се чувствувате како „шлаем“ затоа што го немате овогодишниот iPhone.

Но, да се вратиме на приказната.

Како пропадна Vertu

Стив Џобс во 2007 година, дополнително го отежна нивното производство кое всушност претставуваше сето тоа што Vertu отсекогаш сакал да биде. Но, за разлика од Vertu, Apple на корисниците и додаваше луксуз, кој не се мерел со племенити материјали кои се наоѓале на самите уреди. Се работи за тоа за што се крие „под хаубата“. Дури и нјаголемите наивци во тој момент сфатија, дека тоа што може да биде достапно на сите, е далеку е поквалитетно од она што е достапно за повеќето од ретките модели.

Во комбинација со рецесијата, прометот на Vertu неповратно се движише надоле и продажбата од (наводните) 60.000 уреди годишно, почна драстично да се намалува.

Наједноставно кажано, Vertu, се најде во исти проблеми, како и секоја друга компанија која произведуваше луксузни уреди. Се до моментот кога просечниот уред не можеше да направи ништо, освен да прима повици, пораки, да си играте „Змија“, како и да си складирате сопствени мелодии, нивните уреди добро се продаваа. Еднаш кога се појавија паметните телефони, а разноразните иновации го претворија мобилниот во сопатник без кој не можете, Vertua телефоните станаа шега и не беа направени со рачно шиена кожа, камења и сафирно стакло кое лесно можело да ве увери во спротивното.

Доаѓањето на матниот спасител

Компанијата промени неколку сопственици, а со текот на годините ги зголеми долговите на повеќе до 150 милиони долари. Telegraf пред неколку месеци пишуваше за тоа дека контроверзниот Мурат Хајан Узан искеширал 50 милиони фунти за Vertu, за да по неколку месеци подоцна неуспешно се обиде да ја спаси компанијата (128 милиони на име на долгот, плус преостанатиот износ од 1,9 милиони за превземање на компанијата)

Инаку, Узан е чест посетител на судовите поради низата на малверзации, а и самото купување на Vertu е спроведено под сомнителни околности, поради кои и двете страни го чекаат својот ден на суд. Иако моменталниот сопственик тврди дека имал намера да ја оживее проблематичната компанија, по отпуштањата на 200те вработени, тешко е за верување дека матниот претприемач ќе биде решението кое сите го чекаа.

Луксузната технологија едноставно не е патот кон иднината, а кога технологијата ќе ја подредите на естетика, се работи за рецептот на пропаст. Но, значи ли пропастот на Vertu и смрт на луксузната технологија? Ќе покаже времето.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

eleven − 5 =