Samsung подготвува нов Galaxy S8 Active модел, кој ќе има многу подобар дизајн од претходно, со помала рамка, но и натаму висока издржливост и отпорност на паѓање, шокови и вода.

Поточно, како и претходникот и овој модел се очекува да има MIL-STD-810G сертификација, што значи дека ќе има заштита од сол, песок, влажност, дожд, вибрации, соларна радијација и отпорност на шокови и високи температури. Покрај тоа, очекувајте висока заштита од паѓање и супериорна издржливост под вода.

Сето ова ќе биде вклопено во тело со многу мала рамка околу дисплејот, како и кај обичниот Galaxy S8, со таа разлика што тука дисплејот нема да биде Edge на страните.

Процесорот ќе биде Snapdragon 835, помогнат од 4 GB рам и 64 GB простор со слот за micro SD, задната камера ќе има 12 мегапиксели, додека предната ќе има 8 мегапиксели. Единствено батеријата ќе биде поголема и тоа не за малку – ќе има 4.000 mAh часови, споредено со 3.000 кај обичниот модел, што е прилично многу, дури и за големиот 5,8 инчен дисплеј со 18,5:9 сооднос на страните.