Џек Фишер, астронаут на НАСА, сподели видео од Земјата снимена од Меѓународната вселенска станица.

Фишер го сподели видеото на „Твитер“, а го снимал регионот од Сан Диего до Денвер.

„Од Сан Диего до Денвер, навечер… од вселената. Секогаш се чудам колку бргу кружиме над Земјата, но секако дека ми се допаѓа погледот“, напишал тој.