Мислевте дека електронските билети на телефон се олеснување за патниците кои често летаат? Американската компанија Delta има нешто подобро и од тоа – нивните клиенти ќе се качуваат во авион со едноставно отчитување на отпечаток од прст.

Американската компанија најави дека нивните клиенти отсега можат да користат отпечаток од прст намести билет на националниот аеродром „Реган Вашингтон“ во Вирџинија. Delta ја воведе биометриската проверка уште во мај годинава и на одредени почесни членови на клубот Delta SkyMiles им овозможи својот идентитет да го потврдуваат со отпечаток. Сега оваа опција можат да ја користат сите членови на клубот.

На овој начин патниците можат да се качат на авион за помалку од 5 минути. Delta летово планира да ја лансира последната фаза од биометриските тестирања и да овозможи со помош на отпечаток од прст да се чекира и багажот.