Xiaomi го претстави новиот модел од петтата Mi серија кој нуди помали подобрувања, но како главен адут се
издвојува токму дуал камерата во комбинација на два сензора од по 12 мегапиксели.

Xiaomi Mi 5X може да се пофали и со 5,5 инчен HD 1080p дисплеј, работи со пристојниот осум-јадрен Snapdragon 625
процесор со меморија од 4GB RAM и 64 GB ROM, како и батерија со капацитет од 3080 mAh.

Смартфонот доаѓа со најновата верзија на MIUI 9 корисничкиот интерфејс во кој се вградени повеќе подобрувања Xiaomi
Smart Assistant, можност за пребарување низ сликите, нов менаџер на фајловите и уште многу други додатоци. Xiaomi Mi
5X во Азија ќе чини околу 200 долари што е многу прифатлива цена за можностите кои ги нуди.