Видеоигра што ја поттикнува креативноста и создава милионери

Естетиката на Roblox е слична како на Minecraft и е непотребно да се нагласува, барем визуелно, дека е инспирирана од лего-коцките и минималистичкиот дизајн на познатата игра Mojang. Тоа што ја истакнува Roblox е нејзината популарност, која според статистиките ја надминува Minecraft. Оваа игра на „Мајкрософт“ моментно ја играат 55 милиони луѓе, додека Roblox води со 56 милиони.

Кој ја игра оваа игра?

Уште една интересна работа поврзана со Roblox е нејзината раширеност и демографија. Играта е достапна на речиси сите платформи, вклучувајќи и PC, конзоли и мобилни телефони, а нејзините корисници главно не се постари од 15 години.

Roblox не е ново дете на пазарот. Играта излезе уште во 2005 година и до денес не и е намалена популарноста. Уште повеќе, во последно време е сè поприсутна во медиумите поради силната едукативна нота. Младите во Roblox учат основи на програмирање и дизајн, а многу возрасни низ играта развиваат афинитети кон компјутерските науки и развојот на игри или дури и за вештачката интелигенција.

Успешен бизнис
На неодамнешна конференција претставниците на Roblox изјавија дека оваа година компанијата планира да исплати 30 милиони долари, со тоа што еден програмер заработил три милиони долари, а други двајца по два милиона. Она што ја прави Roblox исклучителен екосистем е архитектурата која на играчите им овозможува да дизајнираат своја игра во рамките на игрите.
Извор: tportal.hr

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

3 × 5 =