За оние, кои се во потрага по нови гејминг слушалки, Razer во понудата има два модела – Tiamat 7.1 V2 и Tiamat 2.2 V2.  Tiamat слушалките не се нова линија, но најновите модели имплементираат повеќе аудио драјвери во себе, што во теорија би требало на играчите да им понуди побогат и поквалитетен звук, со подобро позиционо аудио.

Tiamat 7.1 V2 е повеќе премиум модел од два нови модела слушалки и стигнува со 10 аудио драјвери, за да се креира вистински сараунд звук. Ова вклучува 40 мм сабвуфер, два 30 mm драјвери и два 20 мм драјвери. Играчите, кои сакаат целосно искуство ќе мораат да имаат слободни четири 3.5 мм приклучоци за вук, а доколку ги немате, слушалките можат да функционираат и како регуларни 2.0 стерео модели.