Во Бристол, Велика Британија, се одржа првиот тест викенд на кампот за рехабилитација на млади хакери и сајбер криминалци. Доколку тестот се покаже успешен, слични кампови ќе може да се отворат на повеќе места во земјата.

Целта на камповите е на младите да им се објаснат и да им се укаже на сите опасности од хакирањето, како и да им се покаже дека своите ИТ вештини можат да ги искористат на легален начин и од тоа да заработуваат. Тинејџерите кои отидоа на кампот добро и се познати на полицијата поради своите грешки од претходно.

На предавањата во кампот учествуваат сајбер експерти кои ќе им објаснат колкава е побарувачката за луѓе со нивни вештини, но и луѓе кои имале слична малдост како нив и почнале како хакери со рушпење страници, мејлови, цели системи, а денес заработуваат многу искористувајќи го своето знаење за да помогнат во заштитата на компјутерски системи и компании.

Извор: Zimo.hr