Фактот дека Android е најдоминантниот оперативен систем за паметни телефони на пазарот не се промени ни после првиот квартал на оваа година. Гордоста на Google моментално има удел од 85% на пазарот, додека уделот на iOS падна на 14.7%. Windows Phone пак има само 0,1% удел, а неизбежно е неговото целосно исчезнување. Исто толку има и BlackBerry кој пак исто така се сврти кон Android.

Главната дел од приказната е константноста на Android кој во последниве години има помеѓу 80%-90% удел и не отстапува ниту попушта пред конкуренцијата, кризите на пазарот и падот на испораките. На пример, Apple почувствува проблеми поврзани со слабата продажба од минатата година што се одрази и годинава поради што уделот во првиот квартал им падна за 3,5%. Уделот на Andorid пак нарасна за 4,1%.

Една од причините позади оваа појава е секако цената на уредите. Просечната цена на еден Android уред изнесуваше 220 долари во првиот квартал, а се прогнозира дека до 2021 година истата ќе падне на 198 долари. Apple може да се пофали со просечна цена од 657 долари. Значи, Apple добива огромна сума за своите уреди, додека пак Android е застапен кај повеќе производители.

Прогнозите велат дека во 2018 година Apple ќе изврши достава од 240 милиони iPhone телефони што значи дека догодина ќе бидеме сведоци на вистинска битка помеѓу овие два конкурента. Сепак уделот на пазарот нема многу да се промени, а Android најверојатно нема да падна под 80% удел.