Новиот вид на транспорт за кинезите, т.н „небесен воз“ е пуштен во пробна работа и веќе руши рекорди. Инженерите велат дека неговите можности за транспорт на патници се скоро три пати подобри од регуларните возови и метроа.  Возот е дизајниран да биде лесен, со средна брзина на движење. Како ефтина варијанта на превоз се очекува да има огромен пазарен потенцијал, особено во планинските подрачја и поголемите градови.

Има капацитет за превоз на 510 патници во три до пет вагони со максимална брзина од 70km/h. „Овој воз користи технологија на перманентен магнет, која му овозможува поголем амоќност, пониска бучава и помала маса, со што с епостигнува повисока оперативна ефикасност“, вели техничкиот директор на проектот, додавајќи дека тоа се главните предности во однос на другите видови транспорт.

Тој објаснува дека овој воз ќе обезбеди удобно и безбедно патување дури и низ стрмни и непристапни предели. Уште една предност е во фактот што инвестициските и оперативните трошоци  за овој вид на железничка инфраструктура се пониски.

Кина е сега трета земја во светот која ја има развиено оваа технологија, по Германија и Јапонија.