Компанијата Xiaomi само што го претстави најновиот член на својата Mi Smart TV линија. Xiaomi Mi TV 4A има 32-инчен панел и во прашање е нивниот најмали и најевтин телевизор досега. Телевизорот е тежок само 3.9 килограми и има цена од околу 160 долари.

Xiaomi Mi TV 4A има резолуција од 1366 x 768 пиксели и освежување од 60Hz. Уредот го покренува 1.5GHz четиријадрен процеор, а поседува и 1 GB RAM и 4 GB интерна меморија. Телевизорот е моментно достапен во Кина, а не познато дали компанијата планира да го објави и во другите региони.

Телевизорот користи MIUI TV базиран на Android, поддржува H.263, H.264, H.265, MPEG1 / 2/4, WMV3, VC-1 и има WiFi 802.11 b/g/n, 2 x HDMI, 1 x USB, Ethernet и 2 x 5W стерео звучници. Xiaomi Mi TV 4A Smart телевизорот ќе се најде во продажба од 23. јули.