Доколку ви станаа здодевни досегашните емотикони, не се секирајте – Apple објави новитети и на ова поле.

Серијата на нови емотикони оваа гпдина пристигнува на сите iPhone, iPad, Mac и други уреди. Меѓу новите емотикони се наоѓа жена со марама, забраден маж, но и жена која дои.

Новите смајли ги креираше непрофитната група Unicode Consortium, која ја сочинуваат волонтери од технолошки компании кои заеднички одлучуваат кој ќе влезе во потесниот круг.