Adobe ја редизајнираше и надгради својата Photoshop Lightroom апликација за Android. Тука не се работи за помало исправање на грешки, туку Adobe донесува редизајниран UI, за во потполност да биде прилагоден на Android.

Оваа надградба на Photoshop Lightroom донесе поскладно и побрзо функционирање. Контролите и копчињата сега се означени. Корисниците повеќе нема да се потпираат само на иконите, што значи дека многумина побрзо и полесно ќе го пронајдат она што го бараат.

Со новата надградба, се добива и поддршка за најновите камери и објективи во ACR 9.12 објавата, како и генерално подобрување на стабилноста.