Amazon изгледа е многу блиску до претставување на сопствена апликација за размена на пораки и четување. AFTV news известува дека компанијата планира да развие апликација под името Anytime, која ќе биде достапна за Android, iOS и десктоп. Апликацијата ќе нуди енкрипција на пораките, заедно со видео и гласовниот чет.

Апликацијата малку се разликува од конкуренцијата. Според извештаите, потребно е само нечие име за да го контактирате тоа лице, можно е додавање боја во четовите, а тука е и @mentions опцијата за уфрлање луѓе во разговорите.

Судејќи според се, Amazon Anytime би можел да биде комбинација од регуларна апликацијата за четување и сервис како што е Discord.