Технолошкиот напредок е неизбежен, но понекогаш развојот на технологијата изгледа застрашувачки.

Истражувачите од Универзитетот во Вашинготн развија технологија која го користи машинското учење за да ги совлада движењата на лицата и подоцна да произведе многу автентична снимка. Со други зборови, се работи за технологија која ги чита изразите на лицата на луѓето и на основа на алгоритмите учи и репродуцира движења врз основа на втор видеозапис.

Овој пат во „главна улога“ е бившиот американски претседател Барак Обама, првенствено поради тоа што има многу јавни видеозаписи.

Видеото прикажува неверојатна точност и автентичност на говор од Белата куќа кој се темели на други аудиоснимки. Научниците отишле толку далеку што зеле снимка од студентските денови на Обама и го „залепиле“ звукот на видео на кое поранешниот претседател е многу повозрасен.

Најголемиот проблем што се јавува кај оваа технологија се секако „лажните вести“: секој со многу мал буџет би можел да креира лажни снимки кои ќе изгледаат многу автентично. Всушност, толку добри, што ќе биде навистина тешко да се препознае дали станува збор за лажен запис.

Колку застрашувачки изгледа сето тоа, можете да се уверите од приложената снимка: