Бродот кој сам произведува енергија тргна од Париз на шестгодишно патување околу светот, а проектантите се надеваат дека тој ќе биде модел за идните пловила кои ќе работат без емисии на штетни гасови.

Бродот наречен Energy Observer користи соларни панели, турбини на ветер и систем на водородни ќелии за електро – напојување. Истиот вреди 5 милиони евра, а од Париз тргна кон Атлантикот.

Футуристичкото пловило е долго 30,5 метри и преку денот ја користи енергијата од сонцето и ветрот, а преку ноќ од резервоарот со водород кој бродот сам го произведува преку електролиза на морската вода.

Првично проектиран во 1983 година, бродот имал „успешна кариера“ во трките со едрилици, а потоа капетаните Фредерик Даирел и Викторијен Ерисар преку Францкускиот истражувачки институт го претворија во Energy Observer.