Смартфоните не го променија само начинот на кој се однесуваме во друштво, туку го променија и начинот на кој се движиме.

Дека претераната употреба на мобилните телефони може да доведе во проблеми со здравјето (како што е укочениот врат потаради неприродната положба или грчевите во рацете поради претераното пишување, веќе е познато). Но, сега истражувачите од британскиот Универзитет Anglia Ruskin открија како користењето на смартфонот влијае и на начинот на кој одиме.

Истражувачите ги следеа испитаницте додека одета по патека со пречки и забележуваа каде им бега погледот, односно како се движат. Задачата им беше да поминуваат пречки додека пишуваат или читаат SMS порака, разговараат на телефон или додека не го користат телефонот.

Резултатите беа многу интересни. Во текот на користењето на смартфонот, без оглед на тоа за што се користи, луѓето помалку обрзнуваат внимание на својата околина и помалку време поминуваат барајќи ги пречките на тлото и тоа за дури 61 отсто.

Истовремено, го менуваат одот така што станува се повнимателен, а ногата ја подигнуваат повеќе отколку што би требало за да ја прескокнат пречката.

Промените се највидливи кај луѓето кои пишуваат порака и истовремено одат. Истражувачите сметаат дека тоа е така, бидејќи кај пишувањето корисниците мораат да бидат фокусирани на она што го пишуваат, како го пишуваат и да размислуваат за тоа што треба да допишат, па тешко им е вниманието да го насочат и на одењето.

„Откривме како користењето на мобилниот телефин значи дека поретко и пократко гледаме во земја,  но го усвојуваме однесувањето и стилот на одот, што ни овозможува да ги заобиколиме неподвижните пречки на сигурен начи. Несреќите се случуваат кога некој предмет ќе се појави изненадно и корисникот не може да го забележи навреме. Како, да кажеме кога ќе се сретнат со друг пешак или возило“, истакна водителот на истражувањето, др. Метју Тимис од Универзитетот Anglia Ruskin.