Бесплатно заиграјте 10 часа од Mass Effect: Andromede

Играта е бесплатно достапна на сите платформи.

Mass Effect: Andromeda излезе во март оваа година и тогаш се соочи со разни проблеми, што донекаде влијаеше на тоа популарноста и продажбата на овој наслов да не бидат на задоволувачко ниво. Токму затоа Bioware одлучи на сите играчи на сите можни платформи да им овозможи 10 часа бесплатен пробен период на singleplayer и multipleer кампања.

Прилика за бесплатно играње најпрвин ќе имаат само претплатниците на Origin Access, но сега понудата им е достапна на сите.

Голем број на багови се исправени, а неодамна од играта е отстранет Denuvo, што можеби претставува причина повеќе да ја заиграте и бесплатно испробате вселенската авантира, а ако се одлучите да ја купите играта, можете да продолжите каде што сте застанале во самиот trial по истекот на времето.

EA подготви и нов трејлер за да ги привлече гејмерите на преземање на бесплатниот trial, а демото можете да го преземете за PS4, PC i Xbox One.

 

 

i

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

10 + six =