По безброј перипетии, англискиот производител на луксузни телефони Vertu изгледа запира со работа. На почетокот на оваа година, турскиот бизнисмен Мурат Хакан Узан (Murat Hakan Uzan) го стекна брендот и предложи да им исплати на доверителите 1,9 милиони фунти од долгот на компанијата (кој е вкупно 128 милиони фунти).

Според The ​​Financial Times, Vertu запираат со работа и производство, што ќе доведе до намалување на околу 200 работни места.

Повторно според The ​​Financial Times, Узан се уште ги држи правата над брендот и смета во одреден момент да го обнови. Дали и кога тоа ќе се случи, сепак, не е јасно.

Vertu почнаа со работа во 1998 година како дел од Nokia и произведуваа луксузни верзии на нивните телефони. Подоцна компанијата почна да конструира смартфони со Android по цени од 30.000 долари – со панели од змиска кожа, кожа од ној, злато, дијаманти итн.

Во 2012 година Vertu беа стекнати од страна на компанијата за приватен капитал EQT, а подоцна ги купи кинеската фирма Godin Holdings пред брендот да стане сопственост на Узан.